Фити: Македонија не е целосно подготвена за влез на европскиот пазар
Македонија не е целосно подготвена за влез на европскиот пазар , посочи академик Таки Фити во рамки на научната конференција посветена на интегративниот процес на Република Македонија во ЕУ. Според Фити, продуктивноста и конкурентноста се област во која имаме многу сериозни проблеми на патот кон ЕУ, а најмногу во функционирањето на институциите. За владата пак, евроинтеграциите ќе овозможат подобрување на економијата и животниот стандард и добро е што во процесот се вклучила и научната фела.
КАТЕГОРИИ Tоп