Финска потврди: Влез во НАТО без одлагање – Русија во тоа гледа закана

Во заедничка изјава, финскиот претседател Саули Нинисто и премиерката Сана Марин денеска ја објавија својата поддршка за влез во НАТО, што ја носи скандинавската земја, на чекор до членството во Северноатланската алијанса.

„Членството во НАТО би ја зајакнало безбедноста на Финска. Како нивна членка, Финска би ја зајакнала целата безбедносна алијанса. Финска мора да поднесе барање за членство без одлагање. Се надеваме дека неопходните национални чекори за оваа одлука ќе бидат преземени во следните неколку дена“, се вели, меѓудругото, во соопштението на Нинисто и Марин.

Покрај Финска, руската инвазија во Украина ја принуди и Шведска да ја преиспита националната безбедност и да изрази желба за пристапување во Алијансата по 22 мај. И двете земји стравуваат од можни напади додека се обработуваат нивните апликации. Во средата, британскиот премиер Борис Џонсон потпиша договори со двете земји, со кои им ветува безбедносни гаранции.

„Безбедносната декларација што ја потпишавме гарантира дека двете нации може да го интензивираат нашето партнерство и да го однесат до неспоредливи височини и географски и метафорични. Нашите вооружени сили ќе тренираат и дејствуваат заеднички“, порача Џонсон

Од друга страна, ваквите вести за Дмитриј Медведев, поранешниот руски претседател кој сега е заменик-претседател на Советот за безбедност претставуваат директен конфликт на Русија со НАТО, кој носи ризик од нуклеарна војна. Денеска веднаш предупредување испрати Кремљ.

„Секое ново проширување на НАТО, нашиот континент го прави помалку стабилен и сигурен. Русија ќе ги анализира последиците на прием на Финска во НАТО од аспект на сопствената безбедност. НАТО се движи во наш правец. Сега се ќе зависи од натамошниот развој на процесот на проширување на Алијансата и каква воена инфраструктура ќе се најде на границите на Русија“, изјави Песков.

Финска има речиси 1300 километри долга граница и проблематично и тешко минато со Русија. И по Втората светска војна земјата остана неутрална со цел да не се оптоваруваат односите со тогашниот Светски Сојуз, а потоа со Русија. Но, како членка на ЕУ, Финска  веќе е вклучена во одредени заеднички структури.

Поврзани вести