Финишира изградбата на минарето во Охрид- Локалната и централната власт си ја префрлаат одговорноста

Се трга заштитната мрежа околу минарето на Али пашината џамија – со поставување на кровната конусна купола која е со сива боја и златни елементи, финишираат незаконските градежните работи на овој спорен верски објект кои се туркаа цели 3 години.

И покрај забраната,сред бел ден на терен секојдневно продолжуваа градежните активности. За да не се гледа што таму се прави, објектот од сите страни беше високо заграден,а на минарето беше поставена заштитна мрежа,која од денес ја нема-издигнатото минаре, во срцето на Охрид сега јасно се гледа.

И, додека чаршијата шпекулира дека на обновената Али пашина џамија ќе се сечи лента на 6-ти јуни,за празникот Рамазан Бајрам, релевантните фигури во државата и градот Охрид, не само што си ја префрлаат одговорноста, тврдат и оти наводно не знаеле дека минарето е подигнато. Згора на се’ Премиерот Заев, кој ветуваше дека поради сензитивниот период, со решавањето на овој проблем ќе се зафателе во месец мај, после завршување на изборите, пред 3 дена фатен во лага,се обиде да се извлече.

Константин Георгиески-градоначалник на Охрид: Не знам, не знам, прв пат од Вас слушам дека има купола и дека ќе има отварање дека сум поканет.отварање дека сум поканет.Точно е дека не е издадена градежна дозвола и точно е дека не е во деталниот план предвидено минарето. Меѓутоа во услови кога проблемот е во надлежност на државните институции и во услови кога имаме ние договор за соработка помеѓу Влади на две држави, тогаш апсолутно јас како градоначалник немам тука никакви ингеренции.

Зоран Заев: Институциите постапуваат,знаете дека има постапено Државниот инспекторат за градежништво,еден дел од градбите се замрзнати, стопирани. Велите дека во моментот се гради, не е стопирана градбата ? Ок, тогаш општината треба да постапи.

Изградбата на минарето на Али Пашината џамија не е за потценување,порачаа од ‘’Совест’’ на мирниот протест кој го одржаа пред 5 дена.
Михаил Тренедафилов Нанче – здружение на граѓани ,,Совест,, :Охрид пред наши очи се топи,ние ќе сме сведоци во историјата дека ја предадовме Македонија.Мислите дека ништо не е она? Мала работа ама многу кажува. Нас крв не ни треба, нас ни треба разум и здрав ум, законите да се почитуваат за сите, а не некој да дивее а ние да ги гледаме.

Партиите си играат политика само за нивни лукративни цели и за да ги полнат џебовите на криминален начин,наместо да ги превземат своите уставни надлежности -рече Трендафилов. Нити Управата за заштита на културни наследство,нити Државниот градежен инспекторат, нити пак судот не покажуваат решеност да стават мораториум на градбата на Али пашината џамија-пораа од Совест.
Сашо Михалоски-здружение на граѓани ‘’Совест,,: Во централното гратско подрачје на Охрид се случува атак врз достоинството и чувствата на охриѓани. Преку агресивна и нелегална реализација на градба заштитена со закон на Али пашината џамија, која има за цел да ја промени физиономијата и карактерот на градот, а зад кои стојат цели и стратегии кои не се добронамерни и во чија реализација учествуваат свесно или не, институциите на државата.

И додека граѓаните на социјалните мрежи бараат кривична одговорност за беззаконието и анархијата која владее, од Совест информираат дека Али пашината џамија ќе биде на дневниот ред на 43-тата сесија на Советот во Баку.

Росица Голабоска