Финансиска ја „Чешла’“ работата на Сејдини, откако Алфа објави сомнеж за криминал во Управниот суд

Финансиски инспектори во координација со јавен обвинител разгледуваат дали претседателот Бурим Сејдини рачно распоредувал предмети и направил штета на државната каса од една милијарда денари, потврдија за Алфа од финансиска и од обвинителство.

Директорот на финансиска полиција за Алфа вели дека е оформен предмет кој се разгледува, а според неофицијални извори, пријавата против Сејдини од финансиска полиција ќе стигне и до Судскиот совет. Иако институциите веќе оформија предмет за проверка наместени предмети, Сејдини иако е менаџер на суд, се правда дека не можел да знае кога и кој предмет ќе застари.

Тонско: Бурим Сејдини, претседател на Управен суд 11.07.2023

„Судот не може да утврди кој предмет ќе застари. Верувајте не сум можел да знам, за одговoрност знам дека е на сеdница на Сuдски совет. Тоа е постапка согласно zакон за судски совет, се правдаше Сејдини.

Додека институциите се занимаваат со евентуланата злоупотреба на АКМИС системот, во Управен атмосферата врие, раскажуваат извори за Алфа.

Анонимните пријаувачи кој вчера претседателот Сејдини ги обвини дека му го рушат угледот и интегритетот, за Алфа тврдат дека постои список на судскиот управител на кој се заведени 190 застарени предмети од областа на финансиите.

Поради јавните објави, вработените велат дека се нарушиле меѓучовечките односи меѓу судиите и претседателот, а веќе сите во судот биле убедени дека тој ќе биде разрешен. Во судската зграда се споменува името на судијката Елмедина Асани која според шпекулациите одвнатре, таа ќе седне на столчето на Сејдини.

Антикорупциска веќе има предмет, а Судскиот совет тек во септември ќе оформи комисија. Засега Министерството за правда молчи за скандалот со злоупотребата на АКМИС Системот, како и вицепремиерката за добро владеење Славица Грковска. 

Според досегашната пракса за злоупшоитреби на АКМИС системот поранешен претседател на суд е на издржување казна затвор, а разрешени се неколку судии.

Паула Костадиноска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста