Финансиска проневера во Сојузот на тутунски здруженија на РМ ?!

Претставници на неколку македонски тутунски здруженија, инаку членки на републичкиот Сојуз (СТЗ), денеска го обвинија актуелниот претседател на Сојузот на тутунски здруженија, Кире Неделкоски за проневера на околу 9 милиони денари од сметката на Сојузот.

Според обвиненијата, Неделкоски и покрај тоа што од страна на Собранието на Сојузот бил разрешен од функцијата уште во октомври, кога му била поднесена и кривична пријава, сепак тој продолжил со злоупотребите на средствата од сметката.

Неделкоски, пак, има сосема друга верзија на овие обвинувања.

Со овие состојби бил запознат и ресорниот министер, но досега ништо не било преземно, заради што од тутунските здруженија се сомневаат дека некој го штити Неделкоски. Тие се закануваат дека ќе ги повлечат поверениците од откупните пунктови што би предизвикало и прекин на откупот на тутунот кој е во полн ек.

Каролина Дурло