Филм кој што „ги брка“ гледачите од кино салите (Видео)

Некои сцени во „The Nightingale” (Славеј) беа премногу брутални за гледачите кои го гледаа филмот во австралиските кина, па луѓето почнале да ги напуштат кината по само 20 минути.

Приказната од 18-от век раскажува за ирската затвореничка Клер која тргнува во крвав одмазднички поход поради сè она што ѝ се случило нејзе и на нејзиното семејство.

Во првиот половина час од филмот, има сцена во која група луѓе ја силуваат Клер, која, според многумина, трае и предолго.

Во продолжение погледнете го трејлерот кој наиде на многу позитивни коментари: