Филмот „Петрунија“ ја освои главната награда на фестивал во Дортмунд

Филмот „Господ постои, името  ѝ е Петрунија” на Теона Стругар Митевска ја освои главната награда на фестивал во Дортмунд, Германија, (Dortmund | Cologne International Women’s Film Festival) која има и  парична вредност од 15.000 евра. Фестивалот се оджуваше од 9 до 14 април.

Посветен е на женски автори и во главната конуренција се избираат само осум филмови од целиот свет кои се натпреваруваат за главната награда.

-Овојпат тричленото жири се одлучи за Петрунија, кој очигледно наидува на одличен прием кај германската стручна филмска јавност. Доделувајќи ја наградата жирито рече:

„Oдлучивме да ја доделиме главната награда на овој филм поради својата извонредност во пренесување приказна за храброста на невработена жена да се спротивстави на воспоставени и затемелени структури на патријархатот. Надминувајќи ја сопствената отуѓеност таа ја осознава својата моќ да ја озобнови солидарноста во борбата против неправдата“, соопшти продукцијата „Сестри и брат Митевски“.

МИА