Филипче ќе го предомислува Шилегов – паркингот на клинички одблокиран

Комплекс клиники „Мајка Тереза“

Со транспаренти в раце „Паркинг, наместо нива!”, „Ни качивте 5 % за да ни ги земете!“, здравствените работници од Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, повторно излегоа на протест и побараа итно повлекување на одлуката на Град Скопје за зголемување на цената на паркингот од 300 на 850 денари.

Тие не ја блокираа наплатната рампа бидејки добиле уверување од министерот Филипче ќе се обиде да го реши проблемот со градоначалникот Шилегов, но до почетокот на вестите, средба помеѓу нив немало.

Вработените во Клиничкиот центар предупредија дека доколку не се реши проблемот со паркингот, ќе преземат дополнителни активности преку кои ќе го изразат своето незадоволство.

С.Т.С