Фејсбук отстрани профили поврзани со Иран, кои дистрибуирале лажни вести

Фејсбук вчера отстрани 82 страници, профили и групи поврзани со Иран од својата мрежа и од Инстаграм поради дистрибуирање на дезинформации.

Социјалната мрежа соопшти дека отстранетите профили, страници и групи биле на американски и на британски државјани, кои објавувале материјали со политички теми.

Мерката е преземена воочи изборите во САД.

Фејсбук и во август отстрани профили поврзани со Иран.