Фестивал на инклузија во општина Кисела Вода
Под покровителство на Општина Кисела Вода, четврток, 07 до 10 септември 2023 година, во паркот Македонија, пред Домот на култура „Билјана Беличанец” ќе се одржи Фестивал на инклузија на тема “Културни политики за инклузија”. Настанот е во организација на Здружението за едукативни и хуманитарни активности ВИЗИЈА ПЛУС – Скопје, во соработка со Здружението за активно вклучување и соодветен третман на лицата со попреченост – Икуалити.
Програмата вклучува различни изложби, дискусии, работилници, проекции на филмови и концерти. Фестивалот ќе биде отворен утре, на 7-ми септември во 20 часот, со изложбата на уметнички фотографии на Драги Неделчевски и Небојша Гелевски, насловена „Запознавање и прифаќање” и музичкиот концерт на македонскиот трап-изведувач Пајак.