ФАЦ: Хрватска по бугарски терк најавува вето за три соседни држави поради историски прашања?

„Примерот на Бугарија создаде преседан“. По Бугарија, сега вето за земјите – кандидати за пристап во Унијата најавува и Хрватска. Поради отворените историски контроверзии на Србија, Босна и Црна Гора им се заканува блокада на патот кон Европската Унија, пишува германскиот весник Франкфуртер алгемајне цајтунг.  

На владата во Софија и успеа историските билатерални прашања со Македонија да ги вметне во официјален дел од преговорите за пристапување во ЕУ, па сега, оваа идеја почнува да им се допаѓа на другите земји-членки пишува весникот. Во Хрватска, која ѝ се приклучи последна во Унијата во 2013 година, веќе се дебатира какви предуслови треба да им наметне Загреб на Белград, Сараево и Подгорица кои доколку не се исполнат, може да резултираат со вето за блокирање на пристапниот процес.

Хрватската академија на науките и уметностите веќе труд најави дузина опции за можна блокада. Па таа, од Босна, според ХАНУ, треба да се бара уставна реформа, со што Босанските Хрвати би имале свој сопствен дел од земјата, таканаречен ентитет – вклучувајќи ги „сите права што произлегуваат од него“, стои во документот.   Од босанската влада во Сараево, исто така, би се барало да ја признае „вистинската, ослободителна улога на Хрватска и Хрватите“ во одбраната на државата од српската агресија во босанската војна, босанските власти да престанат со „лажно обвинување на Хрватите на суд“, а во документот на ХАНУ се спомнуваат и наводно нејасни граници.

Од Црна Гора би се барало воспоставување загарантирани пратенички места за малото хрватско малцинство во земјата. Црногорската држава би морала и да плати за учеството во српската агресија врз Хрватска во 1990-тите. Загреб сега вели дека ако Црна Гора сака да постигне напредок во преговорите за пристапување во ЕУ, мора да побара прошка за злосторствата извршени во тоа време.

Сосема очекувано, најдолгиот список на барања е за Србија.

Белград мора да престане да „поттикнува непријателство кон Хрватска“ и да се откаже од „митот за Јасеновац“, кој беше најголемиот концентрационен логор во таканаречената „Независна Држава Хрватска“, и му беше помал партнер на Хитлер на Балканот помеѓу 1941 и 1945 година. Но не само ова, за Србија услови би можеле да постанат и билатералните прашања околу Втората Светска војна, агресијата од 1990-тите и.т.н. објави ФАЦ -Германски весник.

Тенденцијата да се втурнат билатералните историски спорови од академскиот свет во дневната политика и да се направат услов за продолжување или дури и за почеток на пристапните преговори со ЕУ е сигурен начин за конечно запирање на пристапниот процес на Балканот сумира весникот. 

А дека преговарачката рамка за Македонија е преседан, пишуваше и „Фајненшл Тајмс“. Токму поради ова, избрзано е да се слави отпочнувањето на преговарачкиот процес објави економскиот дневен весник.

Викторија Миткова

Поврзани вести