Фатен крадецот на лаптопи и компјутерска опрема од иницијатива „Донирај компјутер“

Крадецот кој одзема неколку лаптопи и компјутерска опрема од канцелариите на иницијативата „Донирај компјутер“ во Кавадарци е пронајден, соопшти сопственикот Борче Стаменов. Украдените компјутери наменети за донирање ќе бидат вратени в понеделник. Информацијата ја потврдија и од МВР.

Станува збор за 37 годишник од Кавадарци кој е приведен.

„При претрес во домот на С.М., извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени шест лап-топ компјутери, делови за компјутер и друга компјутерска опрема, за што постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело тешка кражба сторено на 28 август“ велат од МВР.

Приведен и уште еден 37 годишник за кој постои сомнение дека купил еден од украдените лаптопи.

Advertisements