Фатени на дело – „борците“ против лажни вести, шират лажни вести
Невладини организации и медиуми кои постојано се декларираат како неуморни борци против лажните вести, на социјалните мрежи шират, ни помалку ни повеќе, лажни вести.
На Фејсбук се појавија видео исечоци од потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски кои буквално се сечени, лепени и монтирани а во кои се тврди дека наводно признава дека тој и неговата партија се против ЕУ и против Западот.
Лесно воочливо монтиран инсерт, кој е извадок од едно телевизиско интервју на Александар Николоски.
Видеото кое се шири на социјалните мрежи е со платена промоција односно реклама за да стигне до што повеќе луѓе. Ако се користи алатката за транспарентност на Фејсбук ќе се види дека зад телефонскиот број преку кој е направен профилот стои порталот фронтлајн.мк, дел од групацијата Цивил на Џабир Дерала.
Од фронтлајн.мк се правдаат. Тврдат дека нивниот телефонски број бил злоупотребен со тенденциозни и манипулативни цели за да се наруши нивниот углед и кредибилитет.
- „Очигледно е дека се работи за сатирично видео, како и тоа дека Александар Николоски е изваден од контекст, што исто така е за осуда“. – Наведуваат во редакцискиот коментар од фронтлајн.мк
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николовски пак, преку Фејсбук реагира дека „и дното било пробиено зашто се спонзираат вакви лажни вести.
- „Се надевам после ова сериозно ќе размислат нивните донатори, пред се, од европските земји и останатите кои го финансираат дали треба да продолжат да финансираат создавачи на лажни вести со цел политички поени за СДСМ и ДУИ! Кој „борец против лажни вести“ спонзорира лажни вести на Фејсбук“. – Прашува Николовски во постот.
Инаку, со кратка проверка Фесјбук профилите „Мицко кочи“ и „Политиканти“ а кои се врзани со телефонскиот број на Фронтлајн, лесно може да се забележи дека се истурле стотици евра за пропаганда против опозицијата и оцрнување на оние кои се противат на бугарските барања и уставните измени.
Фронтлајн.мк е дел од групација Шорткат во која влегуваат повеќе интернет портали.
Никола Цветкоски