Фактите ги демантираат ставовите на официјална Софија – Нема системска дискриминација на Бугари во Македонија

Наводната системска дискриминација на Бугарите кај нас никако да се докаже. Во изминатите три години од безмалку 500 претставки доставени до комисијата за спречување на дискриминација, само 30-на биле од Македонци со бугарска самосвест, од кои, само во три наврати било утврдено некакво прекршување.

Бројките ги демантираат меѓународните писма и апелите на Бугарија, како последниот пример, кога бугарската потпретседателка Јотова, на самит во Исланд покажа со прст кон Македонија за наводна системска дискриминација на бугарите кај нас.

  • „Во 2021-та добивме 1 претставка, а во 2022 година 34 претставки за заштита од дискриминација врз основа на национална или етничка припадност, од граѓани со бугарска самосвест“ – Појаснуваат од Комисијата за спречување на дискриминација.

За обвинувањата на бугарската потпретседателка Јотова, од Комисија за спречување на дискриминација велат, не можат да коментираат политички изјави.

Бројот на пријави за дискриминација на оние кои се чуствуваат како бугари нагло пораснал во 2022, а се претпоставува дека е резулатат на отворањето на бугарскиот клубови низ Македонија.

Интересен податок е што голем број од преставките се поднесени од само едно здружение, предводено од адвокат.

Во 2022-та Комисијата имала двојно повеќе работа во однос на 2021-та, најголем дел од претставките се однесувале на дискриминација врз основа на национална и етничка припадност, а потоа родов идентитет и сексуална ориентација.

  • „Бројот на поднесени претставки пред комисијата енормоно расте, со геометриска прогресија, од 86 преставки поднесени во 2021, бројот пораснал на 248 во 2022 година. Тоа е пораст од речиси 290% “ Изјави Весна Бендевска од Комисијата за заштита од дискриминација

И додека Бугарите во Македонија се жалат дека биле дискриминирани, македонците во Бугарија не ги уживаат основните човекови права и слободи. Во бројните тужби пред меѓународните судови против Софија, тие се жалат дека им се скратува правото на здружување, како и изучување на мајчиниот јазик. Бугарија е една од земјите рекордери во изгубени пресуди пред судот за човекови права во Стразбур, како и помеѓу земјите кои не ги спроведуваат меѓународните судски одлуки.

Никола Цветкоски

Advertisements