Фабриката „Пејпер Мил“ донесе жители на Кочани на протест во Скопје 

Група Граѓани од Кочани дојдоа во Скопје за да го искажат својот револт од аерозагадувањето во нивниот град, што го предизвикува Фабриката Пејпр Мил. Граѓаните не бараат да се затвори фабриката, туку таа да работи по закони и прописи и да користи метан а не средства кои се штетни за здравјето и секојденвно ги загадуваат воздухот, водата и почвата во Кочани и околината. Тоа го дишаат мали деца, револтирано изјавија на протестот.

Проблемот е од пред некои 3,4 години кога дојде една фабрика од Бугарија и почнаа прво да работат на Метан, потоа се префрлија на еколошко гориво на пелет од сончогледи, затоа се и овие сончогледи тука како симбол на тие пелети. Откако се префрлија на пелети почна да мириса и да чади екстремно, изјави Орце Николов – граѓански активист од Кочани

Граѓаните тврдат дека веќе неколку пати пратиле пријави до  Државниот инспекторат за животна средина, меѓутоа повратна реакција нема. Тие јавно, од протестот, испратија порака до инспекторатот да си ја врши својата работа.

Институционално, бараме да се реши проблемот. Процес е почнат во судот во Кочани, чекаме решение, да видиме до кај сме стигнале со таа одлука од судот, бидејќи еден предмет е вратен од Апелација од Општиснкиот Суд во Кочани и стои скоро две години, изјави Милан Димовски – граѓанин на Кочани

Фабриката Пејпр Мил во Кочани е единствена фабрика за рециклирање на отпадна хартија во Македонија. Моменталниот капацитет за рециклирање е 15.000 тони годишно.

Бојана Златкова

Advertisements

Поврзани вести