У21: Со шест дебитанти, но без тројца противници против Шпанија и Фарски острови


Младите фудбалери до 21 година на почетокот од наредниот месец продолжуваат со квалификацискиот циклус за пласман на ЕП. Избраниците на Благоја Милевски ќе ја пречекаат Шпанија на 3 септември, а пет дена подоцна гостуваат кај Фарски Острови. За овие две средби повик добија 24 играчи, од кои шестмина се дебитанти Алчевски, Тодоровски, Тошевски, Младеновски, Шеји и Фазлиу. Отпаднаа Атанасов, Абаз и Хајдари поради повреда, а неизвесен е Серафимов, кој е се уште на рехабилитација. Македонија по четири кола собра 7 бода, а место на евро-шампионатот ќе има само за лидерот од групата, и петте надобро второпласирани селекции.

ГОЛМАНИ: Ристе ЈАНКОВ (Работнички), Давид ДЕНКОВСКИ (Брегалница), Марко АЛЧЕВСКИ (Академија Пандев);
ОДБРАНА: Агрон РУФАТИ (Истра, Хрватска), Есмин ЛИЧИНА (Македонија Ѓ.П.), Филип АНТОВСКИ (Динамо Загреб, Хрватска), Тодор ТОДОРОВСКИ (Осијек, Хрватска), Ване ЈОВАНОВ (Академија Пандев), Никола СЕРАФИМОВ (Академија Пандев), Блертон ШЕЈИ (Струга Трим Љум), Марио МЛАДЕНОВСКИ (Фремад Амагер, Данска);
СРЕДЕН РЕД: Давор ЗДРАВКОВСКИ (АЕЛ, Кипар), Кристијан АЦКОВСКИ (Брегалница), Енис ФАЗЛАГИЌ (Жилина, Словачка), Димитар ТОДОРОВСКИ (Работнички), Томче ГРОЗДАНОВСКИ (Злате Моравце, Словачка), Ердон ДАЦИ (Коњаспор, Турција);

НАПАД: Милан РИСТОВСКИ (Ријека, Хрватска), Дарко ЧУРЛИНОВ (Штутгарт, Германија), Кристијан ТРАПАНОВСКИ (Академија Пандев), Давид ТОШЕВСКИ (Ростов, Русија), Димитар МИТРОВСКИ (Спортинг Лисабон, Португалија), Марко ЃОРГИЕВСКИ (Раднички Пирот, Србија), Љавдрим ФАЗЛИУ (Пелитер);