Уште работат на случајот: И по еден месец откако е фатен лажниот доктор во Вевчани, уште нема разврска

И после еден месец од откривање на скандалот со вевчанскиот лажен лекар кој што со спорна диплома 6 години ги лекувал вевчанци, органите на прогонот наместо да го расветлат, сеуште работат на случајот.Од полиција велат дека заклучно со вчерашниот ден се комплетирани потребните докази и оти се чека одоговор од уште една иституција,a понатамошните насоки треба да ги даде јавното обвинителство.

“Во ОЈО Струга се прават неоходните проверки за утврдување на факти со цел да се изготви кривичната пријава.”, инфомираат од ОЈО Струга

Клопчето го одмота Лекарската комора на Македонија која води регистар на издадени и продолжени лиценци кои се обноваат за период од 7 години, за што се плаќа и редовна членарина. За таа цел тие побарале од Здравственот дом спосок со имиња на сите лекари со дата на раѓање и уште еден список на кој фигурираат лекарите кои имаат лиценца за работа. 33 годишникот кој 6 години си играл лекар,а бил и раковидител на службата за Итна медицинска помош никаде го немало во евиденција.Тој не само што немал лиценца за работа, нити имал положено стручен испит,туку воопшто немал завршено медицински факултет а студирал на штипскиот универзитет “Гоце Делчев.” Од деканската управа велат дека тој немал побарано уверение нити за број на положени испити, кој што вообичаено се издава во текот на студиите единствено доколку студентот аплицира за добивање стипендија, за легло во  студенти дом  и слично,но тоа во никој случај не е уверение со кое се аплцира за добивање работа како лекар. Последен пат бил активен на медицинскиот факултет во Штип 2014-2015 година, кога бил апсолвент а бил запишан во  2008-2009 година.

Инаку,на неговиот фејзбук профил лажниот лекар прикачувал фотографии од неговото работно место,потоа како прегледува дечиња во градинка,а има и фотографија според која него го има на апсолветското табло.

Извори за Алфа потврдуваат дека сомнителниот лекар во октомври 2016-та кога е примен на работа во службата за Итна медицинска помош приложил оргинални документи од диплома, уверение за положен стручен испит и лиценца за работа,но никој не се посомневал во веродостоноста на истите, се’ до пред еден месец кога во Здравствениот дом стигнал допис од Лекарската комота дека не постои лиценца за работа со таков број и под тоа име.  

Росица Голабоска

Advertisements