Училиштата алармираат дека немаат пари за струјата

Владата која прогласи кризна состојба во енегертиката, не е подготвена да им помогне на општините, во чија надлежност се училиштата да се справат со огромните сметки за струја кои им стигнуваат, а во исто време да обезбедат топли простории за учениците. Блок дотациите за образование кои го добиваат општините ни од далеку не се доволни – вели охрдискиот градоначалник Кирил Пецаков. Цената на електричната енергија, додава тој, ќе биде сериозен удар на нашата амбиција за чистење на долговите на училиштата во цела држава.

Со оглед на тоа што како ЗЕЛС имавме сериозни предлози до Владата кои што навистински начин би му излегле во пресрет како на општините така и на училиштата и сите оние кои имаат проблем со цената на електричната енергија и енергетската криза, нас не ни беше  ништо прифатено, така да оваа Влада е далеку од спремна да соработува со локланите самоуправи и не сум сигурен дека што и да предложиме, се отворени да слушаат, изјави Кирил Пецаков – градоначалник на Охрид

Ако до сега за време на грејна сезона училиштата плаќаа околу 200.000 денари за струја, оваа зема цената ќе бидат баснословни, притоа во дел од училиштата во земјава сеуште има лошо парно греење и стари инсталација, па поради лошата изолација дополнително се уклучуваат и греалки-ова е реална слика во голем број училишта низ државава. Градоначалникот на Кочани предлага училиштата да плаќаат струја како за домаќинставата, а не индустриска.

Сериозен проблем е во делот на обезбедувањето на сретства и енергенси, цените се вртолаво отидени, 4 -5 пати повисоки од износот кој го плаќавме во изминатиов период. За големите субјекти и за општините, за институциите основани дури и од државата, без помош од државата, тешко ќе се надмине оваа криза, само ќе влегуваме во посериозни и потешки проблеми ако остане вака, изјави Љупчо Папазов – градоначалник на Кочани

За Папазов тенденциона е изјавата на Бектеши кој неодамна истакна дека училишата биле виновни што на време не склучиле договори со добавувачи на електрична енергија. Ние вели тој во два наврати за оваа намена правевме ребаланс на буџет и распишуваме тендери.

Во дел од училиштата низ државата ќе се рационализира греењето во ходниците и салите, некои размислуваат децата да одат само во една смена, а МОН добива апели да се продолжи зимскиот, а да се скрати летниот распуст.

Сите општини размилуваат за поставување на фотоволтаични системи во училиштата, но покрај тоа што постапката трае долго, прашање е дали училиштата реално ќе може да ги одржуваат истите без да вработат дополнителен кадар.

Новинар Росица Голабоска

Снимател,монтажа Златко Маневски