});

Учесниците во иранскиот нуклеарен договор ќе се сретнат за време на ГС на ОН

Учесниците во иранскиот нуклеарен договор – Русија, Кина, Велика Британија, Франција, Германија и Иран, ќе одржат министерска средба на 24 септември во рамките на сесијата на Генералното собрание на ОН.

Ова го соопшти дипломатски извор од Светската организација.

– Средбата е планирана за 24 септември. На неа ќе учествува и шефицата на дипломатијата на ЕУ Федерика Могерини, инфомирал изворот.

Се очекува на состанокот да се разгледаат начини за зачувување на договорот по повлекувањето на САД од него и обновата на американските санкции против Иран.