Ученик осуден на затворска казна оти бакнал 13-годишно девојче

(B30) Officers at the Cumberland County Prison walk the halls in this Thursday, April 3, 2003, file photo in Carlisle, Pa. Most Pennsylvania county prisons last year did not comply with at least one of the 25 operational standards required under state law, according to the results of Corrections Department inspections released Wednesday, June 29, 2005. The Cumberland County Prison scored 92 percent in 2004 and 2005. (AP Photo/Carolyn Kaster)

Суд во Анталија, Турција, осуди 16-годишен ученик на 4,5 години затвор бидејќи бакнал 13-годишно девојче во училиштето, пишува „Хуриет дејли њуз”.

Засегнатиот 16-годишник и неговата три години помлада „партнерка“ се прегрнувале и бакнувале на територијата на училиштето, а случајот стигнал до судот, откако соученик на девојчето ги снимил и го споделил видеото со пријатели. Момчето потоа било обвинето и осудено за сексуален напад.

Одбраната тврдеше дека тинејџерот го сторил тоа „воден од пубертетски нагони и не треба да биде казнет“, но обвинителот и судијата не го зедоа тоа предвид.