Учебниците цело тромесечие заглавија во печатниците, ќе ги добијат ли учениците до крајот на првото полугодие?

Учениците по се изгледа ќе го дочекаат крајот на првото полугодие без учебници. Министерството за образование и наука ги проби сите рокови што си ги постави, последниот беше на почетокот на ноември. Основците, но и родителите три месеци водат борба како да стигнат до потребните материјали кои пак се полни со грешки или во лоша копија. И наставниците се во тотален хаос, а од Министерството не покажуваат некој посебен интерес учебниците што поскоро да стигнат до основците. Наставниот кадар алармира за намален квалитет во обрзовниот процес.

  • Сериозен е проблемот со недостаток на учебници, прво заради намалување на квалитетот на воспитно – образовниот процес, различен е начинот на одвивање настава со и без учебници за децата бидејќи преку книгите се пренесува знаењето, повторувањето“…вели Гиевски од Независен синдикат за образование и наука.

Од независниот синдикат се сомневаат во транспаретноста и искрената намера на МОН навреме да ги испечати книгите за учениците.

Основците уште чекаат нови учебници, а на тоа се понадеваа и средношколците бидејќи тие добија ама оштетени и неупотребливи. Како почна учебната година, средношколците се пожалија дека тие што добиле учебници биле стари и исканати, а за дел од нив воопшто и немаше. Засега единствено се знае дека учебниците се на печатење а кога ќе заврши таа мисија на Министерството за образование нема никаква информација.

Викторија Миткова

Advertisements