Утре се одбележуваат 22 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор

Комбињата од омилената фирма на ДУИ „ Арберија Дизајн “ веќе стигнаа на плоштадот „ Скендер Бег “ . Работниците од тетовската компанија, ја поставуваат сцената за концертот кој ќе се одржи утревечер , во рамки на фестивалот Peace Festival по повод 22 годишнината од Рамковниот договор. Според најавите, настанот ќе биде само забавен, а не се предвидени политички обраќања . Годишнината од договорот, со кој се стави крај на крвопроолевањето и за кој се уште постојат дилеми дали е добар и е навистина извор на стабилност , одговорно е министерството на Артан Груби . Првиот вицепремиер, ќе ја направи журката само со албански изведувачи , за разлика од лани кога македонски изведувачи прво му прифатија да пеат , па потоа го откажаа настапот . Настанот по социјалните мрежи се најавува како голема забава , и фестивал кој нема да се заборави .
Одбележувањата започнаа уште вчера во Маврово, со Школата за млади лидери . Овој настан ќе финишира во недела, а на истиот предавања на учесниците меѓу другите ќе им одржат и министрите Бујар Османи и Ристо Пенов како и Радмила Шеќеринска .
Како и минатата година и оваa година ќе се одбележи годишнината на Рамковниот договор преку одржување на “Школата за млади лидери” – Peace Forum Dialogue на која ќе учествуваат повеќе од 80 млади учесници, истата ќе се одржи и оваа година во Маврово. Во рамки на одбележување на годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, во недела ќе се организира и Peace Festival, кој и ова година ќе се одржи во Скопје на плоштадот “Скендербег” со почеток во 21:00 часот, велат за Алфа од Министерството за информатички систем и односи меѓу заедниците .
Арберија Дизајн за забавата која ќе се одржи на „ Скендер Бег “ и за предавањата во Маврово се офајди со 100 илјади евра . Во рамки на годишнината треба да видиме стихотворба за која се платија речиси 6.000 евра, промотивно видео за охридскиот рамковен договор кое чини колку и стихотворбата, а и спот за песна кој чини 4.000 евра . Журката на „ Скендер Бег“ за која изминативе две години , Груби не жали пари , уште лани кажа оти се надевал дека ќе стане традиционална. Истата е по повод договорот, кој за многу од македонските граѓани пред две децении беше сметан за насилно изнуден и неприфатлив.
На потпишувањето претходеа двомесечни тензични преговори во Охрид, во време кога ескалираа насилствата во војната . Финалниот договор беше постигнат на 10 август 2001, а беше потпишан на 13 август во Скопје Потпис ставија тогашните најголеми политички партии и специјални претставници на ЕУ и на САД.