Утре продолжува судењето на адвокатот Менкиноски за поставувањето на сонцето од Кутлеш
Адвокатот Тони Менкиноски утре повторно ќе седне на обвинителна клупа во охридскиот Основен суд поради нарушување на јавниот ред и мир бидејќи го истакна знамето со 16 кракото сонце. Од организацијата „Сончева револуција“ велат дека ова е последица од Преспанскиот договор, со кој се забрануваат симболи кои се дел од идентитетскиот код на Македонецот.
Не постои закон со кој може да му се суди за веење на знамето со 16 кракото сонце, па му судат за нарушување на јавниот ред и мир. Сончева револуција одлучивме да дадеме поддршка не само заТони Менкиноски, туку и за сите луѓе кои го употребуваат овој симбол. Пред две недели беше годишнина од Преспа, ова се последиците кои ги чувствуваме. 16 зрачното знаме ни се забранува поради тој договор – вели Елена Петковска, од „Сончева револуција“.
Утре се организира мирен протест пред судот во Охрид. Според Петковска, треба да се испрати порака дека иако Македонците не се народ кој напаѓа знаат да се одбранат.
Сигурна сум дека ова ќе заврши со позиитивен исход за Тони Менкиноски. Само сакаат да извршат притисок, да не заплашат. Во Македонија се веат знамиња на други држави, а нашиот симбол, на Македонците, симболот во идентитетскиот код, не може да ни го забранат. Како Македонци, можеби не сме народ кој прв напаѓа, но знаеме да се одбраниме, Ги повикувам охриѓани, да испратиме порака дека не се плашиме – додава Петковска.
Менкиноски доби пријава затоа што големиот христијански празник Водици, го истакна знамето со сонцето од Кутлеш на Самоиловата тврдина.
Адријана Алексиеска