УТМС домаќин на Меѓународниот Форум на градоначалници

Како до модерна општина? Кои се светските искуства применливи дома? На овие теми се дебатираше на Меѓународниот Форум на градоначалници што денеска се одржа на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје. Ректорот на УТМС, проф. д-р Аце Миленковски, порача дека е неопходна децентрализација на општините, со зголемување на нивните овластувања и степен на одговорност.

  • Можеби ние нема да можеме нешто веднаш да смениме, но за мене е значајно дека од некаде ќе почнеме. Да почнеме со гласно зборување, со барање решение и со покажување на реалните состојби во кои се наоѓаат нашите општини и нашите градоначалници“, порача ректорот Миленковски.

Форумот на едно место ги собра домашните градоначалници, експертската јавност и првите луѓе на европските и светски метрополи. Најмладиот градоначалник на израелскиот град Бат Јам, Цвика Брот, кој бил и советник на поранешниот претседател Доналд Трамп, појасни дека општините во Израел одлично функционираат, без разлика од која партија доаѓа градоначалникот. 

  • Јас направив широка коалиција на локално ниво. Во таа коалиција се речиси сите партии, без разлика на политичката ориентација. Соработката со Владата оди одлично иако доаѓам од опозицијата, зашто како новинар лично ги познавав сите министри, па на тој начин доаѓам до решенија“, вели Брот.

Претставникот од Франција, д-р Жан-Ив Ками, рече дека во Париз, за големите и значајни објекти што се сметаат за историски, ингеренциите ги има Владата. Тој порача дека Скопје и другите градови во Македонија треба да бидат дел од Унијата на европски градови. Унијата има големи фондови, кои можат да помогнат во предизвиците со екологијата.

  • Повеќето пари од фондовите на ЕУ одат во државите, а тие пари не стигнуваат до општините. Затоа треба да се лобира, како претендент за членка на Европската Унија, македонските градови да бидат дел од таа мрежа“, рече Ками.Универзитетот за туризам и менаџмент беше домаќин на овој престижен настан, на кој присуствуваа ескперти, амбасадори и градоначалници, како од земјата, така и од многу европски метрополи.
Advertisements

Поврзани вести