Уставни измени под бугарски диктат невозможна мисија: Ескобар се сретна со политичките лидери во Македонија

Јасен е ставот на опозицијата, уставни измени под овие околности и бугарски диктат се невозможна мисија. Ова е епилогот од средбата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и заменикот помошник државен секретар на САД Габриел Ескобар. Од опозициската партија информираат дека единствено решение, во оваа исклучително тешка ситуација се предвремени парламентарни избори, на кои кои граѓаните ќе изберат Влада која ќе има легитимитет.
-На средбата беше потврден ставот на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во врска со уставните измени. Исто така беше потенцирана од двете страни потребата за јакнење и продлабочување на стратешкото пријателство меѓу двете држави. Претседателот Мицкоски потенцираше дека актуелната власт во Македонија за многу внатрешни политички прашања погрешно ја информира меѓународната заедница вклучително и САД. Уште еднаш беше афирмиран ставот на партијата дека суштинската заложба и приоритет на ВМРО-ДПМНЕ е ЕУ и евроатланските вредности, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Ескобар на еден начин испрати и порака до власта дека треба да поработи на темата со корупцијата. По негативните оценки на оваа тема кои што ги добивме од ЕУ и САД, Ескобар сега ни порачува дека партнер на официјален Вашингтон може да биде држава која е решена да се бори со овој горлив проблем.
Ковачевски цврсто останува на ставот дека уставните измени се единствено решени. Иако 80 проценти од граѓаните се против менување на Уставот, премиерот е цврство решен дека тие мора да поминат.
-Ова само потврдува дека се работи дека се работи за исклучително важно прашање, и вие тоа најдобро го знаете како медиуми, кои што известувате на многу теми и во земјата и во странство. И ќе се води толку колку што е потребно за да се донесе правилна одлука и да се донесе вистинска одлука, заради остварување на визијата и целите на граѓаните на оваа држава, изјави Ковачевски.
Ескобар е на ставот дека не дошол за да врши тортура врз некого на темата уставни измени, туку бил тука да објасни зошто тие се потребни.
-Европа и Америка имаат потреба од вас, така што вие сте стратешки партнер, како и близок пријател некој кој што директно имал корист од тоа партнерство. И вие исто така сакаме да имате корист од тоа партнерство во носењето на тешките одлуки кои што ќе донесат посветла иднина, вели Ескобар.
Во својата дводневна посета на Македонија, Ескобар оствари средба и со макеоднскиот претседател Стево Пендаровски, на која главна тема на разговор беше потребата од уставните измени и внесувањето на Бугарите во Уставот, со цел Македонија да добие втора меѓувладина конференција со ЕУ и реален старт на преговорите за членство.
Матеја Петровски