„Уставни измени“ омилена фраза на власта, корупцијата, криминалот, сиромаштија за нив не постојат

Македонското општество е метастазирано од корупција и Македонија со тие метастази никогаш нема да ги отпочне преговорите со Европската Унија, без разлика на проблемот со Бугарите, коментираат дел од политичарите осврнувајќи се на изјавата на високиот претставник на САД, Габриел Ескобар во која наведува дека корупцијата е главниот проблем во регионот.

Ако ги вметнеме Бугарите во Уставот сме го решиле проблемот со нив, но немаме никаква гаранција дека друга земја нема да стави вето поради владењето на правото во Македонија, кое во суштина и не постои, коментира политичкиот аналитичар, Јован Донев. 

Македонските власти инститираат на уставни измени и ја обвинуваат опозицијата дека го закочува евроинтеграцискиот пат на Македонија, а во врска со владеењето на правото не преземаат ништо. Надлежните институции ги игнорираат скандалозни тендерски зделки кои чинат вртоглави милионски суми, а на кои потписници се претставници на власта.

Бехтел и Енка, Трговскиот центар Соравиа, преадаптацијата на ВИП Арената Борис Трајковски, опожарената модуларна болница во Тетово во која загинаа 14 лица, за која германците утврдија дека е незаконски изградена, ова се само дел од коруптивните скандали кои ја тресат Макеоднија последниве месеци. Листата со сомнителни коруптивни зделки за кои надлежните се и глуви и слепи е многу подолга.

Затоа не е ни зачудувачки што само еден отсто од граѓаните имаат целосна доверба во судскиот систем и во обвинителството, покажува анкетата на  ИРИ спроведена во мај годинава на 1.204 испитаници.

Пред половина година, јавноста иронично се исмејуваше со објавените резултатите од октомвриската анкета на ИРИ, каде што довербата беше падната на 4 отсто. Во меѓувреме, овој пад продолжи, па бројот на луѓето што целосно им веруваат на правосудните органи падна на ниво на статистичка грешка.

И покрај ваквата статистика, власта е фокусирана на проблемот со Бугарите, додека паралелно, нема личност од надвор, не само странските амбасадори, кој не нагласува дека Македонија  тоне во корупција.  А борбата против неа е слаба, или ја нема…

Паула Костадиноска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста