НАЈНОВИ ВЕСТИ

Уставни измени: Власта работела на две патеки – едната да преговара со ВМРО-ДПМНЕ, а другата со пратениците

Власта дава рок на опозицијата за да се изјаснела за уставните измени и дали ќе учествува во нив на начинот кои го нудат тие, опозицијата пак инисистра да кажат од Владата кои од предлозите на ВМРО-ДПМНЕ ги прифаќаат за тие да учествуваат за промена на Уставот за продолжување на патот кон ЕУ.

На Преспа форумот министерот за надворешни работи Бујар Османи, рече дека до почетокот на првото гласање во Собранието за отворање на Уставот, партијата на Мицкоски требала да размисли дали ќе гласа за уставни измени, односно за договор помеѓу власта и опозицијата за предлозите од последната лидерска средба.

Ние работиме на две паралелни патеки, во опозицијата во целина и посебно со пратениците. До денот на пленарната седница кога ќе има прво гласање, отворени се опциите да има договор со опозоцијата по однос на устанвите измени вклучувајчи го и планот од три точки кој го предложив вчера.Јас се надевам дека во следнио период од Влада до Собрание ќе биде препратен предлогот на уставната комисија и ќе почнат да течат роковите за да се дојде до првото гласање. До тој момент имаме шанси за договор со опозицијата – рече Османи.

Министерот за надворешни рече и дека со оваа преговарачка рамка која е веќе затворена, Бугарија веќе немала да може да поставува нови услови за Македонија.

Сепак во една од опциите на ВМРО-ДПМНЕ се бараат гаранции, за како што велат Македонија конечно да биде сигурна дека нема да има нови пречки на патот кон европското семејство.

Од партијата на Мицкоски се сигурни дека власите немаат 80 пратеника за да протуркаат уставни измени во Собранието. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски во емисија на Алфа рече –  Подготвени сме на уставни измени единствено со одложено дејство по приемот на Македонија во ЕУ и со европски гаранции. Единствената друга опција се предвремени избори веднаш, дециден е опозицискиот лидер.

„Е кога сме до тоа од она што тие го прифатија, можам да кажам дека ВМРО-ДПМНЕ такво нешто нема да прифати, нити јас, нити пак пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, односно предлог кој што се темели на бугарскиот диктат. И почна онаа голгота имаме 2/3, немаме 2/3, вакви пратеници, такви пратеници. Во Парламентот нема 80 пратеници кои што ќе го прифатат бугарскиот диктат. Што значи тоа? Тоа значи дека сега Македонија е заглавена во патот кон полноправно членство кон ЕУ. Нешто што одамна овој народ и држава го заслужија“, рече Христијан Мицкоски во гостување на телевизија Алфа.

Од владата засега не кажуваат кои од двата услова на Мицкоски ќе ги прифатат. Без пратениците на опозицијата, Ковачевски нема да може да обезбеди двотретинско мнозинство за да ги вметне Бугарите во Уставот, нешто што тој го вети и договори како услов за почеток на преговорите со Унијата. 

Мери Симоновска