Уставни измени – Власта признава дека народот е против, но така било поради лажни вести

Европската Унија ги очекува годинава, власта се правда дека народот не ги сака затоа што биле подложени на лажни вести, опозицијата предупредува дека со нив се загрозува македонскиот национален идентитет. Ден по новогодишните и Божиќните празници жешката тема на уставните измени веднаш изби на површина. Пораките од ЕУ кристално јасни – Брисел ќе ни посакал добредојде, ама прво бара промена на уставот, затоа што 2023 година ќе била решавачка за сите нас. Евроамбасадорот Дејвид Гир повика власта и опозицијата да се обединеле за да гласаат за уставните измени.

Опозицијата и власта да се спојат, реформите се почнати. Измените на Уставот остануваат суверена одлука, но е клучна за да продолжат преговорите, не го одземаат идентитетот . Тешко е ,но ситуацијата може да се разреши, порача евроамбасадорот Дејвид Гир.

Власта знае дека нема речиси никаква поддршка од граѓаните за вметнување на бугариоте во уставот, и се вади дека тоа било така затоа што  народот бил подложен на дезинформации и лажни вести.

ТОНСКО Бојан Маричиќ – вицепремиер за европски прашања

Следува период во кој треба да работиме на итна подготвеност . Комплетирање на скрининг процесот . Она што е најважно да има континуитет, обединување кон ЕУ, има време да се донесат Уставните измени.

Проблемот со Бугарија го загрозува македонското национално самоопределување, сметаат од опозицијата. Спроед Александар Николоски, Македонија цело време е под услови и тоа е процес кој никако да прекине. Николоски со порака до ЕУ : Испочитувајте го мислењето на македонскиот народ. 

Втората работа што сакам да ја споменам и е во однос на дополнителните услови кои што секогаш и се поставуваат на Македонија, дали тука зборуваме за промената на името, дали тука зборуваме за условувањето од страна на Бугарија, постои чувство дека тоа е еден процес кој што никогаш не прекинува. И во таа насока мислам дека треба да биде испочитувано и мислењето на мнозинство пред се од македонскиот народ затоа што прашањата кои што се поврзани со Бугарија го задираат директно делот на самоопределување на македонскиот народ каде што точно има работи кои што народот едноставно мисли дека не треба да бидат прифатени“, заклучи Николоски.

Дека уставните измени ќе бидат приоритет на власта оваа година сметаат и од експертската јавност но, познавачите сметаат дека ќе биде многу тешко да се случат.  Што се однесува до Проширувањето  на ЕУ, Шведска ќе продолжи да работи на процесот, но тоа ќе биде  ќе биде последно  во низата на приоритети за време на шест месечното претседавање . 

https://www.youtube.com/watch?v=QV3VjL6vlOg

Кристина Алексиеска

Advertisements