НАЈНОВИ ВЕСТИ

Уставните измени невозможна мисија: Мицкоски ќе се повлече од политиката ако само и еден пратеник од опозицијата гласа за промена на Уставот

Уставни измени под овие услови и под бугарски диктат се невозможни. Христијан Мицкоски ќе ја заврши својата политичка кариера, ако само и еден пратеник на опозицијата гласа за промена на Уставот, без прифаќање на барањата на ВМРО-ДПМНЕ. Според Мицкоски далеку од реалноста се зборовите на министерот за надворешни работи Бујар Османи, дека постоеле пратеници од опозицијата кои би гласале за уставните измени.

-Имам 100 процентна доверба во пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, во сите оние 44 кои што се во Парламентот. Впрочем пред точно една година реков помине ли ова јас заминувам од политиката, има ли од нивна страна нешто да кажат, они велат ако не помине ова ќе си останеме да крадеме уште некој месец, а јас викам еден да помине јас си заминувам, они викаат и да не помине ова ние ќе крадеме уште некој месец, додека можеме. Ете тоа е разликата помеѓу тие и ВМРО-ДПМНЕ, изјави Мицкоски.

Мицкоски порача дека ВМРО-ДПМНЕ овој бугарски диктат нема да го поддржи, ниту сега ниту во иднина, кога ќе ја предводат централната власт. Нема начин тоа да се промени, ако на маса не се видат европските вредности од страна на Бугарија и гаранциите кои опозицијата ги бара за евроинтегративниот пат на државава.

-Не е ова одлука на Христијан Мицкоски, па сега рекол Христијан Мицкоски, ова е одлука на ВМРО-ДПМНЕ, ова е одлука на структурите на партијата и ова е одлука на 85 проценти од народот. Тие приказни европска иднина не поминува веќе, повеќе од три децении сменивме име, сменивме знаме, дефакто направија бинационална држава. Три пати менуваме Устав и секогаш само уште ова, е не може не може веќе. Или ќе биде како треба или толку доста е, изјави Мицкоски.

Опозицискиот лидер кажа дека овој став на партијата бил кажан и на сите средби со меѓународните партнери. Потенцираше дека нема ништо конспиративно, ниту тајно. Ставот на ВМРО-ДПМНЕ е поврзан со бугарскиот диктат и т.н. процес на уставни измени е јасен и тој е непроменет.

Матеја Петровски