Уставните измени на комисиска расправа, Вељановски му порача на Заев, немате 2/3 мнозинство

Единствено решение за евроатланската перспектива на Македонија, за премиерот Заев, штетен преспански договор за кој власта нема мандат и не доби поддршка од граѓаните да го истурка до крај- за опозицијата, уставните измени се процесуираат во Собрание. На првата расправа за нив на уставната комисија аргументите активно соочени. Заев ги повика пратениците да демонстрираат лидерство и да ги поддржат уставните измени. Според него, Македонија нема да има втора шанса да биде пред решение со Грција во иднина, а ова било можност да се обезбеди државата.
Алтернатива има, ова не е единственото можно решение, а вие ја исклучивте опозицијата од сите процеси, му реплицираше пратеникот Илија Димовски.
Претходно, екс-претседателот на Собранието, Трајко Вељановски, се обрати на говорницата порачувајќи му на премиерот дека нема дво третинско мнозинство за да го менува Уставот и ја напушти расправата заедно со колегите Димитар Стевананџија и Антонио Милошоски.
Пратеникот од владејачката ДУИ препозна антиалбански ставови во говорот на Димовски.
На моменти расправата беше напната особено за пратеничката Соња Мираковска од СДСМ.
Според претседателот на комисијата Талат Џафери пратениците имаат четири дена да одлучуваат за 4те предложени измени на Уставот.

 

Искра Коровешовска