Уставните измени – Главен предизвик на политички план во следната година

Нема парламентарно мнозинство за отворање на Уставот. Опозицијата се уште останува на  ставот дека нема да поддржи уставни измени и дека се потребни предвремени парламентарни избори за да се насочат кон решавање на останатите проблеми во општеството.

 ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија има многу јасен и прецизен став. Овој парламент нема мандат да менува Устав затоа што ние пред граѓаните излеговме дека ќе градиме градинки дека ќе асфалтираме патишта дека ќе правиме булевари, дека ќе изведуваме канализации, ќе изведуваме водоводи. Никој од нас не вети дека ќе менува Устав, рече Христијан Мицкоски.

Наспроти ставот на опозицијата,  по се изгледа Уставните измени ќе бидат  најважното прашање на власта во наредната година, и одбиваат избори . Прво претседателот  Стево Пендаровски во годишното обраќање порача дека е потребна јасна процедура за промена на Уставот, а впишувањето на Бугарите во Преамбулата на ниту еден начин не го рушела македонскиот идентитет,  потоа Премиерот Ковачевски порача дека Уставните измени се државничко прашање за кое мора да има широк политички конзенсус, и на крај Претседателот на Собранието, Талат Џафери кажа дека ќе ја почне постапката веднаш штом го добие предлогот.

Ако се анализираат изјавите, прашањето за отворање на уставот ќе биде приоритет на власта сигурно барем во првите месеци од наредната година, сметаат експертите , но извесно е дека во ваква формулација на Собранието тие нема да се случат поради слабото парламентарно мнозинство.

Ако ги анализираме изјавите на трите најважни функции можеме да заклучиме дека прашањето на уставните измени верувам дека ќе биде едно од клучнте прашања во годината што претсотои.  Дали тоа прашање ќе биде успешно затворено или нема да биде затворено е веќе друга тема, но согласно најавите на овие три функции е дека во првите три месеци од новата 2023 можеби ќе има обид за отпочнување на оваа постапка. Во однос на нејзината извеснот сметам дека шансите се многу мали ., причина е слабото парламентарно мнозинство, вели за Алфа проф. Александар Спасеновски.

Спасеновски додава дека опозицијата со право ги бара гаранциите , но ако се суди според карактерот на прашањето и слабата комуникација меѓу власта и опозицијата  овие барања имаат мала шанса да бидат земени во предвид од власта

Опозицијата со право бара гаранции, но судејќи според карактерот на самото прашање поврзано со европските интеграции од една страна, анализирајќи ги позициите на официјална Софија од друга страна имајќи во предвид квалитетот на дијалогот меѓу СДСМ  и ВМРО- ДПМНЕ од трета страна, можеме да заклучиме дека овие барања за гаранции од трета страна имаат мала шанса да бидат земени во предвид од страна на власта, додава Спасеновски.

Промената на Уставот е предусов за да се продолжи процесот на евроинтеграции кои е се поизвесно дека нема да се случат поради слабото парламентарно мнозинство, додава Спасеновски  што ќе значи дека Брисел нема да ги отвори портите за Македонија.   

Кристина Алексиеска

Advertisements