НАЈНОВИ ВЕСТИ

Уставниот суд ќе го разгледува за етничка припадност во изводите од Матично

Уставниот суд експресно го става на дневен ред упатството за матичните книги кое го донесе министерот за правда а кое предвидува во изводите да биде наведена и етничката припадност.

„Станува збор за предмет кој судот го оформи по сопствена иницијатива поради сомнеж за неуставност“ информираат од Уставен. Оттаму додаваат дека за уставноста на упатството ќе одлучуваат на 5-ти јули.

На последната средба со новинарите, претседателката на судот, Добрила кацарска рече дека смета дека Упатството е неуставно.