Уставен суд ја отфрли иницијативата за клубот „Ванчо Михајлов“
Уставниот суд ја отфрли Иницијативата со која се оспорува статутот и програмата на „Културниот центар Иван Михајлов“. Судот добил известување од Централниот регистер дека здружение со такво име не постои.
Затоа, беспредметно е да се расправа дали неговиот статут и програма се „насочени кон разгорување на национална или верска омраза и нетрпеливост и дали Здружението е насочено кон уривање на уставниот поредок на земјата“.
Здружението со име Иван Михајлов беше избришано од Централниот регистер во март годинава, откако Министерството за правда го одби барањето да се користи името на оваа контроверзна личност, позната како близок соработник на фашистите.
Клубот беше отворен во Битола минатата година во април во присуство на речиси целиот државен врв на Бугарија.