Уставен не поведе постапка – дефинитивно ќе се гради зградата кај Мајчин Дом

Уставниот суд не поведе постапка за изградбата на висококатница кај Мајчин Дом, со што станува и се поизвесно дека тревникот во Аеродром ќе биде заменет со бетон. Постапката за донесување на ДУП, според Уставен, била спроведена согласно Законот за просторно и урбанистичко планирање. Судиите укажа дека тие ја ценат постапката, но не и содржината на плановите или нивна усогласеност.

Жителите на скопски Аеродром разочарани – велат го избрале Златко Марин за прв човек на општината поради ветувањето дека ќе го запре уништувањето на зеленилото.

Сопственикот на компанијата ЗСФ-КОМ претходно рече дека општината не им понудила соодветна парцела која би ја компензирала истата вредност. Вети дека ќе засади 150 дрвја за да се ублажи еколошкиот ефект.

Претходно, Градоначалникот Златко Марин вети дека ќе ја запре изградбата на објектот кај Мајчин Дом, но кога дојде на власт не направи ништо, па градежните работи започнаа. Дури откако жителите излегоа на протест стави мораториум од 15 дена во кои требаше да се најде решение. На крајот зградата сепак ќе се гради, па со тоа пропаѓа во вода се што досега се ветуваше.

Борис Грујоски