Урната дивоградбата на секретарката на Општина Штип

Дивопоставениот објект на зграда во населбата 8-ми Ноември, денес беше отсранет. Ова следи откако штипската јавност и опозицијата кренаа прашина за дивоградбата над станот во кој живее секретарката на Општина Штип. Откако градоначалникот јавно беше прозван, тој направи увид и порача дека селективност нема да има, а дисциплинска постапка ќе следи за секој вработен инволвиран во случајот..

  • „Покрената ќе биде дисциплинска постапка за секој што е инволвиоран во овој случај. Селективност нема да има и се додека сум градоначалник законите во Штип ќе важат за сите подеднакво„-изјави Иван Јорданов, градоначалник на Штип.

Откако се отстрани дивоградбата на секретарката на општината, Јорданов заедно со општинските инспектори направија увид на неколку дивоградби во Штип. Според него тие не се урнати бидејќи се под закрила на централната власт. Градени во времето на СДСМ. Станува збор за хотел во изградба, стопански објект, за кои сопствениците како што вели Јорданов немале градежна дозвола и узурпирале државно земјиште.

  • “На овие објекти и покрај тоа што е запазена целата постапка, направен е соодветен записник, констатирана е состојба на непостоење на сопственост на земјиште, на немање на дозвола за градба, постапено е , издаден е налог за отсранување на бесправно изграден објект, но има рок на жалба којашто се доставува до повисок орган од Општина Штип, а тоа е второстепена комисија којашто ги уважува овие жалби на бесправно изградените објекти, на државно земјиште, без никаква сопственост“-изјави Иван Јорданов, градоначалник на Штип.

Според Јорданов во Штип има околу десетина вакви објекти кои по својот габарит, преставуваат вистински хациенди, за кои сопствениците не само што немале градежна дозвола, туку узурпирале и државнмо земјиште.

Александра Ристевска

Advertisements

Поврзани вести