„Уметност и вода – магија на животот“ по повод Светскиот ден на водата 22-ри март

Светскиот ден на водата 22-ри март денеска ќе биде одбележан и во Струмица преку културно-уметничкиот проект „Уметност и вода – магија на животот“.

Со овој настан се акцентира неопходната потреба од решавање на проблемот со отпадните води во нашата држава, а во основните училишта во Струмица се организира ликовна колонија со наслов „Нацртај ја водата“.

Културно-уметничкиот проект „Уметност и вода – магија на животот“ е проект кој го спроведува Здружението за третман на вода со поддршка на Европската Унија.

Целта на проектот е подигање свесност за потребата од подобри стандарди за заштита на животната средина и намалување на надземното и подземното загадување. Организаторите на проектот нагласуваат дека тоа се постигнува со планирање и примена на современи системи за третман на отпадните води кои се реализираат во согласност со стандардите и регулативите на Европската Унија.

Локацијата на проектот е пречистителната станица за отпадни води во Струмица, каде преку уметнички подвиг и создавање мурали од страна на 5 македонски уметници, се работи на прашањето околу поддигнување на јавната свест за значењето на заштитата на водата како природен ресурс. Уметниците ќе ги украсат бетонските површини на пречистителната станица.

Цртежите на учениците од основните училишта, покрај муралите, ќе бидат изложени и на промотивниот настан на проектот кој е закажан за 20 мај 2019 година на пречистителната станица во Струмица.

Проектот е дел од кампањата „ЕУ за тебе“ со тематски пристап и почнува со нагласувањето на важноста од одржување на чиста животна средина, како една од клучните политики на Европската Унија и приоритетни сектори и области во кои таа инвестира