Улицата Втора македoнска бригада стана Адем Демачи- косовскиот премиер главна звезда на настанот

Со албански знамиња и песни жителите на Топанско Поле го дочекаа косовскиот премиер Албин Курти на церемонијата по повод преименувањето на улицата Втора македонска ударна бригада која од денеска ќе го носи името на косовскиот борец за голема Албанија и независност на Косово, Адем Демачи.
Ниту едно македонско обележје, ниту превод на македонски јазик од говорите на косовскиот премиер, домаќинот и градоначалник на Чаир, Висар Ганиу и внуката на косовскиот борец, Фиторе Шанини.
Инаку улицата втора македонска бригада го добила по славната бригада која биела битки со бугарскиот фашистички окупатор и броела 480 борци. Голем дел од нив ги загубиле животите во борбите со бугарската војска, но дел од нив и во завршните борби за ослободување на Македонија.
Повеќе во Чаир нема да има улица во чест на борците од македонската бригада, туку улица која го носи името косовскиот борец, Адем Демачи. Тој освен што во одреден период од животот студирал во Скопје, на никаков друг начин не се поврзува со Македонија. Тој е почитувана личност во Косово поради заложбите за Голема Албанија и независност на Косово. Поради своите идеали, неколкупати бил осудуван на затворска казна во поранешна Југославија.
Како се одбра токму вакво преименување на оваа улица, им останува познато на предлагачите од Чаир, а дали им било познато на тие што гласале во советот на град Скопје во 2021 година не се знае.
Во последниве 2 години дури 493 улици и мостови се преименуваат во главниот град. Најмасовни преименување има тоокму во Чаир. За две години сменети се 66 улици. Улицата 191 го доби името Сул Хотла, според истакнат балист и борец против партизаните. Улица доби и првиот косовски претседател и борец за независно Косово, Ибрахим Ругова, а на свеченоста присуствуваше косовската претседателка Вјоса Османи.
Паула Костадиноска