Украинската контраофанзива се движи педа по педа во обид да ја врати територијата под контрола на Русија
Во кратката посета на украинскиот претседател Володимир Зеленски, од Обединетите нации во Њујорк, тој апелираше до глобалната заедница да го прифати неговиот мировен план, до Капитол Хил, каде што апелираше до законодавците за дополнителни 24 милијарди долари помош за поддршка на воените напори на Пентагон, каде воените претставници ја потврдија својата поддршка. Од таму, до најголемата сцена од сите – Белата куќа.
Тој во четвртокот ја одржа својата шеста средба лично со претседателот Џо Бајден.
„Заедно со нашите партнери и сојузници, американскиот народ е решен да се погрижи да направиме се што можеме за да обезбедиме светот да биде со вас, а тоа е нашата огромна цел“, рече Бајден.
„Денес сум во Вашингтон за да ја зајакнам нашата позиција да ја браниме Украина, нашите деца, нашите семејства и нашите домови, слободата и демократијата во светот. Го започнав мојот ден во Конгресот на САД за да им се заблагодарам на неговите членови и на народот на Америка за таа голема, огромна поддршка“, рече Зеленски.
Ова патување до главниот град на САД е важно, велат аналитичарите.
„Она што Бајден го прави давајќи му на Зеленски ваква платформа е дека ова прашање е важно. Националните интереси на САД се тука. Треба да внимаваме на она што го кажува Зеленски и на барањата што ги упатуваат Украинците“, вели Кетлин Мекинис, Центар за стратешки и меѓународни студии.
Бајден објави нов пакет воена помош кој вклучува оружје за воздушна одбрана и артилерија.
Гласот на Америка ја праша администрацијата на Бајден дали тие целосно го поддржуваат мировниот план од 10 точки на Зеленски.
„Секој од поединечните елементи на мировниот план – суверенитетот и територијалниот интегритет, безбедноста на храната, еколошката безбедност, нуклеарната безбедност – за нас, не е ни прашање дали се согласуваме. Секако дека се согласуваме. Тоа се само основни принципи на меѓународниот систем. Тие се во согласност со Повелбата на ОН, а ние рековме дека визијата на претседателот Зеленски за праведен мир е целосно во согласност со Повелбата на Обединетите нации и со пристојноста и човечноста“, рече Џејк Саливан, советник за национална безбедност во Белата куќа.
Но, пред да има мир, Бајден бара од Конгресот 24 милијарди долари за финансирање на воените напори на Украина. Во четвртокот, претседателот на Претставничкиот дом Кевин Мекарти тоа не го коментираше, но членовите на неговата партија изразија поддршка.
„Им треба, и ќе го добијат. Знаете, мнозинството од мнозинството го поддржуваат ова. Знам дека има несогласувања на двете страни, но реков дека војната на исцрпување или откажување, нема да победи. Тоа е она што Путин го сака затоа што сака да ја скрши волјата на американскиот народ и на Европејците. Не можеме да си дозволиме такво нешто. Ни треба план за победа и тоа треба да го направиме наскоро“, вели Мајкл МекКол, републиканец.
Тоа итно прашање е нешто што одекнува од околината на Западот до залудно урнатите градови и села што Украинците ги нарекуваа сеуште дома: Но, уште колку може да трае ова?
Јованчо Наумоски, Глас на Америка – Вашингтон