Украина планира да купи американско оружје

Шефот на украинската дипломатија Павло Климкин денеска изјави дека во тек се преговори за купување на оружје од САД.

– Ние сега водиме такви преговори. Не можам да дадам детали за поединечни системи, посочи Климкин.

Тој додаде оти „тоа е доверлива информација“.

– Зборуваме за многу сериозно зајакнување на одбранбените капацитети на нашите вооружени сили и нашиот одбранбен сектор во целост, истакна Климкин.