Укината забраната за камиони од Кичево кон Гостивар

Укината е забраната за тешки моторни возила од Кичево кон Гостивар преку преминот Стража во 11:35 часот денеска, соопшти Автомотосојузот на Македонија.

Се уште е во сила забраната од Гостивар кон Кичево, воведена исто така поради снежните врнежи.