УЕФА изрази сочувство за смртта на Исмаили

Европската фудбалска федерација (УЕФА) изрази сочувство во врска со смртта на фудбалерката на швајцарската репрезентација Флориана Исмаили.

– УЕФА е длабоко шокирана од смртта на Флориана Исмаили. Ние го искажуваме нашето најдлабоко сочувство до семејството и пријатели во овој тажен момент, објави прес-службата на УЕФА.

Телото на 24-годишната Исмаили беше пронајдено на длабочина од 204 метри во езерото Комо со помош на специјален апарат.

На 30 јуни, Исмаили и нејзиниот пријател пловеа со јахта по езерото. На околу 700 метри од брегот каде беа закотвени, Исмаили скокнала во водата да плива и исчезнала. Нејзиниот пријател прво мислеше дека станува збор за шега, но по некое време сфати дека ситуацијата е сериозна и повика спасувачи.