Уганда размислува да му понуди азил на Башир

Уганда ќе ја разгледа можноста да му понуди азил на поранешниот судански претседател Омар ал Башир и покрај обвинувањата на Меѓународниот кривичен суд против него, изјави денеска угандскиот министер за надворешни работи Окело Орјем.

– Уганда нема никому да се извинува и ние ја разгледуваме молбата на Башир, изјави тој.

Башир (75), кој 30 години владееше со Судан откако ја презема власта со воен удар, минатата недела армијата го собори од власт по повеќемесечни улични протести.

Башир се соочува со потерница од Меѓународниот кривичен суд поради смртта на околу 300.000 луѓе за време на бунтот во суданскиот западен регион Дарфур прид повеќе од една деценија.