Убиени мечка и две мали мечиња во НП „Маврово“

Во близина на селото Жировница, ренџерската служба на Националниот парк „Маврово“ денеска пронашла отстрелани мечка со две мали мечиња.

Од Инспекторатот за животна средина соопштија дека се згрозени од овој чин. Случајот е пријавен до сите надлежни институции, кои во моментов се на терен. Националниот парк „Маврово“ е природно живеалиште на кафеавата мечка, животно под трајна заштита на државата, согласно Законот за ловство и не смее да се лови. Неодамна жителите на Галичник јавно се пожалија дека мечки слободно шетаат по селото и побараа интервенција од државата, стравувајќи за животот на луѓето.

Advertisements

Поврзани вести