НАЈНОВИ ВЕСТИ

Уапсен, па експресно ослободен Алил Демири, бегалецот од случајот Монструм

Уапсен, па експресно ослободен Алил Демири, бегалецот од случајот Монструм кој е осуден на доживотен затвор за петкратното убиство кај Смилковското езеро откако вчера беше уапсен од косовската полиција. Судот во Пришина го ослободил Демири биејќи обвинителот во Косово го повлекол барањето за притвор.

Според процедурите сега потребно е косовскиот суд да ги извести македонските власти за одлуката за екстрадиција, а тоа ќе ги определи и следните чекори на македонската страна.

Од Министерството за правда велат дека пибарани се две екстрадиции, а последната е сеуште активна.

За лицето Алил Демири побарани се две екстрадиции. Прв пат од Република Косово е побарана екстрадиција  на 15.03.2013 година. Барањето за екстрадиција беше одбиено со пресуда на Основниот суд во Приштина од октомври 2015 година , потврдено и од Апелациониот суд на Косово јануари 2016 година. За Демири има официјален одговор од Косово во февруари 2016 година.

Екстрадиција повторно е побарана  на 05.09.2018 година. Во постапките , се што беше побарано од косовските власти беше доставено.
Одговор за екстрадицијата од 2018 не е добиен.
Екстрадицијата од 2018 година е сеуште активна.

Демири беше бегство повеќе од 11 години, веднаш по убиството на 4 момчиња од Радишани и Бутел и еден рибар од Смилковци кај Смилковското езеро во очи на велигденските празници во 2012 година.

Демири еднаш веќе беше уапсен во Косово за нелегално држење оружје, додека тука беше осуден. Таму во затвор одлежа казна за оружјето, но и покрај барањето за екстрадиција, Косово не го испорача повикувајќи се на сомнежи дека првиот судски процес е политички монтиран.

Демири излезе од косовски затвор и не беше испорачан, па не ни присуствуваше на второто судење кога пак беше осуден на доживотен затвор како директен учесник во ликвидацијата на 5-те жртви.

Во бегство е и Африм Исмаиловиќ кој исто така е осуден на доживотен затвор, а косовската полиција го уапси во 2021 година поради учество во сообраќајка. За него одбиени се двете барања за екстрадиција.

За петкратното убиство на доживотен затвор се осудени Алил Демири и браќата Агим и Африм Исмаиловиќ. На 15 години затвор е осуден е Фејзи Азири, а Хаки Азири доби девет години. Обвинетиот Сами Љута беше ослободен од обвинение.

Паула Костадиноска