Уапсен маж од Јута осомничен за испраќање писма со рициново семе до Трамп и Пентагон

мериканец од државата Јута е приведен поради сомненија дека тој е човекот кој ги испратил сомнителните писма со рициново семе до претседателот Доналд Трамп и до Пентагон.

Американски медиуми јавуваат дека е малку веројатно дека денеска ќе бидат подигнати обвиненија за Вилијам Клајд Ален Трети (39) од градот Логан. Осомничениот е поранешен припадник од военоморските сили на САД.

Бил познат на властите заради испраќање закани и ширење конспиративни теории. ФБИ соопшти дека се истражуваат опасно потенцијални хемикалии во Логан што се наоѓа на околу 100 км од Солт Лејк Сити.

Во понеделникот беа пронајдени писма испратени до претседателот Доналд Трамп и министерот за одбрана Џејмс Матис. Првично имаше сомненија дека во нив има рицин, најсилен отров на растителна основа. Подоцна беше утврдено дека во писмата има рициново семе од кое се прави рицин за кој нема противотров.