Турција размислува да ја пролонгира набавка на С-400

Турција го разгледува барањето на САД да ја пролонгира набавката на рускиот противракетен систем С-400 до 2020-та година, што би можело да ги намали тензиите помеѓу двете земји членки на Алијансата.

Администрацијата на претседателот на САД, Доналд Трамп минатата недела побара од Анкара да го пролонгира приемот на С-400, што според договорот треба да биде испорачан во јули.

Одложувањето на системот С-400 се совпаѓа со евентуалната посета на Трамп на Турција.

САД тврдат дека С-400 е дизајниран за соборување на американски и сојузни авиони, вклучително и Ф-35, во чие производство учествува и Турција.

Американскиот секретар за одбрана Патрик Шанахан претходно изјави дека С-400 е „инкомпатибилен“ со намерата за купување на борбени авиони Ф-35.