Турција бара од Македонија мерки против организацијата Фето

Турција останува пријател и силен сојузник на Северна Македонија, а во иднина соработката уште повеќе ќе се зголемува – порача министерот за национална одбрана на Република Турција, Хулуси Акар кој е во еднодневна посета на земјава. Сепак средбата со министерката Шеќеринска, турскиот министер ја искористи да предупреди дека во земјава постојат структури на организацијата Фето, а тоа му штети на односите на двете земји и го саботираат на некој начин пријателството и братските односи.

– Имаме имиња на некои од поглавните од терористиката организација, што се поделени меѓу институциите на двете земји и длабоко сум уверен дека во наредните денови институциите на Северна Македонија ќе преземат конкретни мерки околу тоа. Им веруваме на институциите на Северна Македонија, порача меѓу другото министерот Хулуси Акар и изрази надеж дека во наредниот период ќе се направат конкретни мерки да се ослободат од оваа терористичка организација, вели Акар.

По ваквата јасната порака од турска страна за приврзаниците на Исламскиот проповедник Фетула Ѓулен во Македонија се наметнува и прашањето дали ова ќе значи и услов за турско прифаќање на протоколот за НАТО. Министерката за одбрана пак се надева дека во иднина Турција ќе даде зелено светло за пристапување на нашата земја во НАТО.

Ивана Соколовиќ Најдова