Турците од с. Лисичани на протест – преку злоупотреба на џамијата сакаат да не албанизираат

Лисичани- село на десеттина километри од Кичево. Локален проблем но, според жителите, мнозинство од турската заедница, со политичка позадина: преку злоупотреба на локалната џамија да бидат албанизирани. Денеска протестираа пред двесте години старата џамија Абди Бајрактар. Незадоволни се од раководството на џамијата , велат ја злоупотребува функцијата за лични бизниси но и не работи за интересите на верниците туку на политиката. Селаните во август избрале ново раководство и нов имам но стариот не ја дава функцијата.

Се жалеле и до кичевската полиција и до Исламската верска заедница. Втората ветила оти ќе се заложи но епилог нема старото раководство уште царува. Една од причините, велат селаните е албанизација на локалното население со помош на локалната самоуправа во Кичево, раководена од ДУИ.

Вратата на џамијата е затворена за верниците па одат во околните села за верските обреди.
Се упативме во кичевското муфтивство. Актуелниот муфтија избега од камерата на Алфа кога кажавме зошто сме дојдени. Канцеларијата остана заклучен.

Лисичани брои околу 1500 жители над 95 отсто Турци. Жителите велат дека веќе ни децата не учат турски во училиште оти локалната власт вработувала наставници кои не го зборуваат турскиот јазик.

Искра Коровешовска