Туркањето на уставните измени без обезбедна парламентарна поддршка може да не турне во политичка криза

Власта насила бара уставни измени, опозицијата е против. Опозицијата сака предвремени избори, власта не сака ни да чуе, кој е излезот од полиитчкиот лавирит во кој се наоѓа Македонија? Што ќе се случи кога нема да проминат уставните измени кои се главната точка на здружување на партиите во владата на Ковачевски?
Дел од аналатичарите, но и политичарите согласни, формално правно Ковачевски нема да има никаква одговорност, но само ќе докаже дека нема легитимитет.
Од друга страна избори би било правилно решение, за граѓаните да одберат дали сакаат патот кон ЕУ да го одат под диктат на Бугарија или да одберат опција за поинаков начин на пристапување кон Унијата како што нуди опозицијата. Амбасадорот Донев вели Ковачевски избори нема да даде.
Нив им е неопходно да притискаат за уставни измени за да останат на власт до крајот на мандатот и евентуално да го подобрат рејтингот на партијата. Секое распишување од страна на Ковачевски на вонредни избори, сега во овој момент, па и за ДУИ ќе биде катастрофално, ќе биде катастрофално за СДСМ и тоа е проблемот на Ковачевски. Ковачевски би бил најсреќен ако може да излезе на избори, ама да победи, тоа нема да му се случи веќе, не е проблем дали ќе изгуби 5 или 6 пратеника, туку да не изгуби огромен број на пратеници, вели Донев.
Донев вели сето ова притискање на отворање на Уставот за да влезат Бугарите во преамбулата ја доведува Македонија до отворање длабоки рани кои нема начин да се излечат.
Сето ова што се прави, насилно во овој момент, прави трауматизација на општеството. Ќе има свои ефекти врз состојбите внатре во општеството, како што имаше и насилната промена на уставното име. Тензии меѓу македонците, сето ова што ни се случува во последните години со Бугарија ќе има трауми кои ќе имаат влијание на подолг период, вели Донев.
Што и како ќе се случува со уставните измени, најверојатно барем дел ќе се знае утре, на лидерската меѓу Ковачевски и првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски.
Мери Симоновска