НАЈНОВИ ВЕСТИ

Туристичките работници и о. Охрид поднесоа барање за одложување на градежните зафати на влезот на Oхрид – одлуката е погубна за туризмот

Локалната власт и туристичките работници со барање до Владата и ресорните министерства,градежните зафати кај Подмоље да ги одложат за септември,бидејќи не станува збор за последни километри од изградбата на автопатот па да мора сега и веднаш да се интервенира на оваа делница. Во пресрет на  туристичка сезона да се затвори главниот приод кон Охрид е погубна одлука што ќе го намали бројот на туристи  имајќи предвид дека тој пат води и до аеродромот. Имајќи предвид дека изминатите неколку години беа тешки години за туризмот, ова би значело крах на туристичкиот сектор во Охрид.

 Суетите на политичарите да стивнат и малку да го гледаат интересот на граѓаните, ова е апел до сите политичари и оние кои ја практикуваат власта и оние кои се во опозиција”- порача Олег Маленко

 До сега имавме 3 часа пат Скопје-Охрид, со оглед на ова што сега ќе ни се дешава само се зголемува тој временски период и се отежува самиот сообраќај, одиме од лошо кон полошо –вели претседателот на Хотам,Крсте Блажески.

Градоначалникот Пецаков со загрижувачка информација дека дел од патот кој води кон влезот на градот е крајно ризичен.

Патот популарно познат како Распаќе од Здружение на возачи до Туристичка не бил направен со сите потребни подлоги, со тампони, бил дирекно асвалтиран на земја и движењето на големите камиони кои ќе поминуваат секојдневно од Албанија кон Битола, Кавадарци ќе направат оштетување за не повеќе од 10-15 дена”-вели Пецаков

Началникот на СВР Охрид,кој не го потпиша барање за одложување на градежните зафати,уверуваше дека работите ќе завршеле побргу од предвидените 45 дена и оти стариот пат воопшто не бил лош.

Стариот дел од патот е реконструиран пред 2-3 години има соодветна сигнализација поставено и ги исполнува сите услови за одвивање на сообраќај “-рече началникот на СВР Охрид, Жарко Лазороски

Туристичките работници кажаа дека ќе побараат за ова меѓународна реакција и од странските тур оператори,затоа што според склучените догови,за се што се случува од моментот кога туристите ќе стапнат на македонско тло, одговараат тие. Дали велат некој во оваа држава е свесен за безбедносните ризици кои демнат на патот по кој ќе се движат дневно најмалку по 30 автобуси,возила, велиспедисти,болни луѓе кои ќе се транспортираат до болницата Свети Еразмо или онаа во Струга?

Новинар Росица Голабоска